
Орландо Сити се пласираше во финалето од плејофот во МЛС лигата каде ќе се сретне со Портланд Тимберс, а најзаслужен за тоа е Нани кој синоќа одигра меч и пол.
Неговиот тим славеше против Минесота со 3:1, а двоен стрелец на мечот е Нани, со два гола кои заслужуваат посебно внимание.
Прво погледнете само како мајсторски ја прими на прва оваа топка која леташе преку цел терен по што го отвори резултатот.
А потоа целосната убава акција на неговите соиграчи која ја зачини со уште еден атрактивен прием и голчиште за 2:0.