Таг: орландо сити

Гризман убаво ја дувна на дуелот против Левандовски

Антоан Гризман игра во топ форма со своите 35 години во МЛС лигата. На дуелот Орландо Сити - Чикаго Фајр кој заврши 2:2, прво запиша асистенција, а потоа даде прекрасен гол од далечина. Поранешната ѕвезда на Атлетико Мадрид и Барселона стрела на пет натпревари по ред и има учинок од 14 гола и 7 асистенции на 16 средби.

И така ти викам, бевме на фудбал, кога ракета од Space X отиде во орбитата

Во средата за време на мечот Орландо Сити - Монтреал од американската МЛС лига кој заврши 2:4, гледачите не виделе само шест гола и два црвени картони, туку и интересен настан надвор од стадионот.

Растур систем партија на Нани за финале во МЛС

Португалецот има 33 години и ја игра својата втора сезона за Орландо Сити, а според ова што го покажува, изгледа дека препрано се откажале европските клубови од него. Потезиве и головиве му се Кристијано Роналдо.

Фудбалер од одбрана се претвори во Буфон

Ако на американскиот прволигаш Орландо Сити некогаш му се повреди голманот ич да не му чуе, бидејќи има резервен кој игра во одбрана. По оваа не успешна акција на гостите, тренерот треба да ги носи на вечера и дефанзивецот и голманот. Море што сторивте?

Кака ги исплаќа парите од првото коло

Бразилецот уште на старт почна да ја оправдува довербата на Орландо. На дуелот против Њујорк, неговиот тим губеше 0-1 до 91' минута, кога Кака од слободен удар им донесе вреден бод на домашните.

Колку заработуваат фудбалерите во САД

Бразилецот Кака заработува 7 милиони долари годишно, а неговата плата му ја исплаќа Орландо Сити кој го позајми во Сао Пауло до март следната година.