Гризман убаво ја дувна на дуелот против Левандовски

Антоан Гризман игра во топ форма со своите 35 години во МЛС лигата. На дуелот Орландо Сити - Чикаго Фајр кој заврши 2:2, прво запиша асистенција, а потоа даде прекрасен гол од далечина. Поранешната ѕвезда на Атлетико Мадрид и Барселона стрела на пет натпревари по ред и има учинок од 14 гола и 7 асистенции на 16 средби.

 

29 октомври 2026 - 09:04