Фудбалскиот дуел Орландо Сити - Монтреал се совпаднал временски со лансирање на ракетата Crew Dragon конструирана од компанијата на Илон Маск, SpaceX.
Внатре бил комерцијален екипаж кон Земјината орбита, а билетите за летот ги влечеле преку лотарија. Првпат во историјата екипаж бил составен само од туристи. Летот тргнал од Вселенскиот центар Кенеди кој се наоѓа недалеку од домашниот стадион на фудбалскиот клуб Орландо Сити.
Режисерите на мечот никако не можеле ни смееле да го пропуштат овој историски момент и го забележиле кадарот со лансирање на ракетата.
Space X launches first all-tourist crew into space - The Orlando City cameras capture a cool shot. #spacex #mls #Launch @kslsports pic.twitter.com/BooJkP2i4E
— Andy Muñoz (@andymunoz48) September 16, 2021
Летот добил назив Inspiration 4. Меѓу луѓето кои учествувале и победиле на лотаријата и добиле карта за летот бил и американскиот милијардер Џаред Ајзекман кој си платил за сите трошоци.
The crew of #Inspiration4 is go for launch. pic.twitter.com/xou4rJJnjp
— Inspiration4 (@inspiration4x) September 15, 2021
Главна цел на летот е да се соберат 200 милиони долари за болницата на свети Јуда (детска болница во која се лекуваат и испитуваат онколошки заболувања).
Што се однесува до мечот, домашните навивачи не можеле да бидат задоволни од крајниот резултат зошто Монтреал славел со 2:4. На табелата во Источната фудбалска конференција во МЛС Орландо Сити е на трето место со 38 освоени бода. Убедливо прв е Њу Ингланд со 58 бода, а втор е Нешвил со 41. Монтреал направи огромен чекор кон плејофот откако собра 34 бода и има два повеќе од Интер Мајами кој е под цртата која води во плејоф.
На Западот прв е Спортинг Канзас Сити со 46 бода но има два меча повеќе од второпласираниот Сиетл Саундерс кој има 45 бода. Колорадо таму е трет со 43 бода а последното место кое води во плејоф го држи Лос Анџелес ФЦ со 33 бода.