Колку заработуваат фудбалерите во САД

Бразилецот Кака заработува 7 милиони долари годишно, а неговата плата му ја исплаќа Орландо Сити кој го позајми во Сао Пауло до март следната година.

Раководството на фудбалската лига во САД реши да ги објави платите на сите играчи во сите клубови. Иако лигата официјално почнува во март следната година, фудбалерите имаат редовни примања, а некои од нив заработуваат повеќе од колегите во Европа.
 
Меѓу најплатените ѕвезди се Клинт Демпси, Џермејн Дефо, Тим Кејхил, Лендон Донован, Роби Кин и Тиери Анри. Предводникот на листата, Бразилецот Кака (32) во јули потпиша договор со Орландо Сити, според кој на годишно ниво ќе заработува 7,17 милиони долари.
 
Веднаш по потписот, Орландо реши да го позајми Кака во Сао Пауло, за играчот од средниот ред да биде во топ-форма за почетокот на МЛС-лигата.
 
ТОП 10 најплатени играчи во МЛС:
 
1. Кака, Орландо Сити: 7.16 милиони долари
2. Клинт Демпси, Сиетл Саундерс: 6.17 милиони долари
3. Мајкл Бредли, Торонто ФК: 6.5 милиони долари
4. Џермејн Дефо, Торонто ФК: 6.18 милиони долари
5. Лендон Донован, ЛА Галакси: 4.58 милиони долари
6. Тиери Анри, Њујорк Ред Булс: 4.35 милиони долари
7. Роби Кин, ЛА Галакси: 4.5 милиони долари
8. Тим Кејхил, Њујорк Ред Булс: 3.64 милиони долари
9. Џермејн Џоунс, Њу Ингланд: 3.25 милиони долари
10. Марко Ди Вајо, Монтреал Импакт: 2.6 милиони долари
 
Еден од најслабо платените играчи е Давид Виља, кој заработува „само“ 60 илјади долари годишно или околу 39 илјади фунти. Виља летово потпиша со ново-формираниот клуб Њујорк Сити ФК, кој го позајми во Мелбурн до почетокот на сезоната во МЛС лигата.
 
Сите плати на играчите од фудбалската лига на САД можете да ги видите тука.
30 септември 2014 - 15:08