Кака ги исплаќа парите од првото коло

Бразилецот уште на старт почна да ја оправдува довербата на Орландо. На дуелот против Њујорк, неговиот тим губеше 0-1 до 91' минута, кога Кака од слободен удар им донесе вреден бод на домашните.

Њујорк Сити поведе во 76' минута преку Микс Дискеруд:

Кака во 91' минута израдува 60.000 домашни навивачи на Орландо:

На истиот натпревар, голманот на Њујорк Сити удри со глава во стативата при еден центаршут:

Одлично враќање во МЛС лигата имаше Жози Алтидор, кој даде два гола во победата на Торонто 3-1 против Ванкувер. За вториот му асистираше Себастијан Џовинко:

9 март 2015 - 10:20