ЕП 2016 Франција

Португалија е првиот финалист на Европското!

Португалија ќе игра во своето второ финале на Европско првенство, откако вечерва со 2:0 го совлада Велс. Португалците во Париз во недела ќе се обидат да го заборават болниот пораз од Грција пред 12 години.

Пред 12 години, во финалето на Европското првенство во Лисабон, сè беше спремно Нуњо Гомеш, Луис Фиго, Симао, Хелдер Постига и тогаш младиот Кристијано Роналдо да се качат на тронот на Европа и да го кренат пехарот. Противник им беше Грција, селекција која го направи најголемото изненадување во фудбалската историја со тоа што се пласираше во финалето.

Португалците го загубија тоа финале 0:1 со голот на Харистеас и 12 години подоцна не можат да го преболат тој пораз. Шанса за тоа, Роналдо (со 9 гола на Европските првенства го израмни рекордот на Мишел Платини) и некои нови клинци ќе имаат во недела на 10-ти јули, во Париз против Франција или Германија (четврток од 21).

Вечерашниот дуел во Лион започна прилично тврдо, со одмерување на силите и без посериозни прилики. Бејл и Роналдо очекувано беа ударни сили во своите репрезентации, а вториот го отвори второто полувреме со гол со глава после корнер. Не поминаа ниту три минути а Нани зголеми на 2-0 и го потврди пласманот на Португалија во финалето. Од друга страна, Велс кој буквално до пред една година беше топовска храна за противниците го оствари најголемиот успех во историјата со пласман во полуфиналето.

ПОРТУГАЛИЈА - ВЕЛС 2:0 (0:0)
/Кристијано Роналдо 50’, Нани 53’/

Фантастичен одраз и голот со глава на Роналдо:

Три минути подоцна, Нани зголеми на 2-0 за голема радост на Португалците:

Прегратката на соиграчите од Реал на крајот од мечот: