Во Шангај станува неподносливо напнато

Кина и понатаму инсистира на својата политика на „нула ковид“ па заради десетици случаи во градот, ги стави сите 25 милиони жители на Шангај во карантин, и како ретко кога во изминативе 2 години лошо го изменаџира целиот карантин и логистиката околу него. Посебно околу храната. Моментално во градот врие како во котел.

Кинескиот карантин значи дека не смее излегување од дома за ништо, освен за да го подигнеш дневното следување на храна од државата. Ниту да отидеш да посетиш возрасен родител или да отидеш на погреб на некој близок.

 

Некој состави и збирно видео од саат и кусур со секакви клипови од кинеските социјални мрежи за состојбата во Шангај:

12 април 2022 - 07:51