На излезите на паркот веднаш се распоредени здравствени работници во ППЕ опрема кои почнуваат со тестирање на посетителите.
Подоцна истата вечер, беа ангажирани над 200 автобуси кои за да ги однесат илјадниците посетители до дома каде треба да се самоизолираат на два дена, и да минат дополнителни тестови.
Згора на оваа бројка, уште 100.000 лица кои го посетиле паркот за време на викендот исто така ќе бидат тестирани.
Целата оваа операција во неделата беше започната откако се дозна дека едно девојче што било во Дизниленд во саботата е позитивно на ковид-19.
Сето ова се должи на радикалната борба на Кина со ковид. Цели средини со десетици илјади жители се носат на тестирање заради неколку случаи на ковид. Властите на Џангси, ги ставија сите семафори на црвено за да го спречат движењето на возилата откако беше откриен само еден нов случај на ковид, прв пат по две години.
Во понеделникот во цела Кина беа пријавени вкупно 54 случаи на ковид-19. Во понеделникот во цела Македонија имаше 153 нови заразени.