Енди Мареј им го исполни сонот на Британците и по 77 години пауза стана првиот тенисер од оваа земја кој го освоил најпрестижниот Грем слем турнир во светот. Последниот првак од Велика Британија на Вимблдон беше Фред Пери во далечната 1936 година.
Шкотланѓанецот беше неприкосновен во текот на целиот меч и со 3:0 (6:4, 7:5, 6:4) тотално го надигра најдобриот светски тенисер. За Енди Мареј ова е втор Грен слем турнир во неговата кариера, откако лани триумфираше на УС Опен, додека Србинот останува на 6.
Ѓоковиќ кој го освои Вимблдон во 2011 година беше под голем притисок да ја повтори најзначајната титула во тенисот, а преполената арена беше како домашен терен за Мареј кој доби огромна поддршка од публиката.
Ова беше нивниот 19 меѓусебен дуел, а Ѓоковиќ е подобар 11:8, додека во финалните средби сега Шкотланѓанецот води со 5:4.