Енди Мареј им приреди многу радости на Британците во последните 12 месеци. По чекање од 104 години тој стана првиот Британец со тениско злато на Олимпијадата, го освои првиот Гренд слем по 76 години, а по 77 години пауза го освои и Вимблдон.
По раната елиминација на Федерер и Надал, Британците вложуваа огромни суми на победата на Мареј на Вимблдон, па се претпоставува дека вкупната загуба на кладилниците само од триумфот на Мареј изнесува околу 15 милиони фунти.
Но пресреќните британски кладилници не ги жалат парите, па освен што загубија пари на Мареј, реши да ги частат и оние што се кладеа на Новак Ѓоковиќ. Кладилницата Ladbrokes реши да им врати пари (најмногу до 25 фунти) на сите оние што во финалето загубија кладејќи се на светскиот рекет број 1.
Кладилниците се уверени дека успесите на Мареј нема да запрат тука. Сега Мареј е прв фаворит за освојување на УС Опен. Коефициентот за неговиот триумф падна од 3,25 на 2,63 а коефициентот на Ѓоковиќ е 2,88.
Сепак кладилниците се уверени дека тој нема да успее да дојде до врвот на АТП листата до крајот на годината. Новак Ѓоковиќ е фаворит дека 2014-та година ќе ја пречека од првата позиција со коефициент 1,83 а коефициентот на Мареј е 5.