Референдум за збогум на британскиот спорт

Со делењето од Британија, Шкотска со себе ги собира сите спортисти кои до сега настапуваа во име на Обединетото кралство. Еве некои од најголемите британски спортски херои од Шкотска.

ЕНДИ МАРЕЈ

Откако по 77 години чекање стана првиот Британец што го освоил Вимблдон по Фред Пери, тенисерот се промовираше во симбол на британскиот спорт. Голема е веројатноста веќе од утре по триумфите на талентот од Глазгов да се слуша шкотската , а не британската химна;

ДАРЕН ФЛЕЧЕР

Меѓу играчите тренирани од Фергусон се наоѓа и капитенот на шкотската фудбалска репрезентација, кој често настапуваше и на ревијалните натпревари за Британија. Од 2003-та година е член на Јунајтед. За разлика од другите спортови, фудбалскиот ривалитет меѓу Англија и Шкотска датира од 1872-та година;

ШЕН ЛАМОНТ

Ривалството на Шкотска и Англија се гледа и во рагби средбите кои важат за вистински дерби натпревари. Марејфилд, рагби храмот во Шкотска можеби веќе нема да гледа британско знаме, а Ламонт големите натпреварувања ќе ги игра само во дресот на Шкотска;

СЕР АЛЕКС ФЕРГУСОН

Од Глазгов доаѓа и трофејниот тренер на Манчестер Јунајтед, кој од 1999-та година ја доби титулата Сер. Британците сега ризикуваат во енциклопедиите наместо британски да пишува најдобриот шкотски тренер на сите времиња. Ферги со Јунајтед освои 13 првенства, 5 ФА купа, 4 Лига купа, 10 Комјунити Шилд трофеи, 2 пехари во ЛШ, Куп на Уефа, Интернационален куп, ФИФА Светско клупско натпреварување;

КРИС ХОЈ

Во велосипедизмот не важат „правилата" како во фудбалот и рагбито, така што најпознатиот велосипедист кој на Британија ѝ донесе неколку злата и ја доби титулата Сер, отсега би можел да вози само за својата Шкотска;

ДЕЈВИД МИЛАР

Покрај Хој, и Милар би можел да го напушти британскиот тим Скај за кој се натпреваруваат уште и англичаните Вигинс и Кавендиш;

КЕТРИН ГРАЈНГЕР

Жената со најмногу медали за Британија на Олимписките игри потекнува од Шкотска. Познатата кајакарка под „Унион Џек" знамето освои златна медала на ОИ во Лондон 2012. година, а има и три сребрени медали.

ТИМ БЕЈЛИ

На Олимписките игри во Лондон, Шкотланѓаните допринесоа Велика Британија да освои 7 златни, 4 сребрени и 3 бронзени медали. Без нив, Големото Кралство ќе беше на четврта, наместо на трета позиција по бројот на освоени медали. Меѓу натпреварувачите кои освоија злато во Лондон е и Тим Бејли, кајакарот од Абердин.