Организаторите на Вимблдон одлучија да направат церемонија во чест на збогувањето на Енди Мареј веднаш по мечот на Ѓоковиќ против Џејкоб Фернли.
Мареј се повлече од Вимблдон откако не успеа да се опорави по операцијата на грбот, но играше во машки двојки со брат му Џејми, а ќе настапи и во мешани со Ема Радукану.
Покрај Ѓоковиќ, на церемонијата беа присутни и многу други легенди како Холгер Руне и Ига Швјонтек, а со Федерер се видел во соблекувална.
Мареј го освои Вимблдон во 2013-та и тоа беше голем момент за него и неговата земја, бидејќи во врати трофејот во Велика Британија после долга пауза од 77 години.
Потоа истиот успех го повтори во 2016-та, а третата Гренд слем титула му е на УС опен 2012. Има 5 финалиња на Австралија опен и едно на Роланд Гарос.
Роден е на 22 мај 1987 и е постар само 7 дена од Ѓоковиќ. Нивното ривалство трае 12 години во кои имаат 36 соочувања од кои 7 Гренд слем финалиња.
„Тој е одличен натпреварувач и му посакувам се најдобро. Нема да бидам изненаден ако одлучи да се врати. Ако ова му е последен меч, тажно е, бидејќи не може да заврши во сингл конкуренција. Играњето со брат му е веројатно поемотивно за него и за неговата фамилија.
Инаку Мареј имаше многу повреди кои го спречуваа долго време да биде на највисоко ниво. Пензионирањето го планира по Олимписките игри ова лето.
Публиката го испрати со заслужени долги аплаузи и овации.
This hug between the Murray brothers 🫂🥺#BBCTennis #Wimbledon pic.twitter.com/787MrjyEOa
— BBC Sport (@BBCSport) July 4, 2024
Struggling to hold back the tears 😢
— BBC Sport (@BBCSport) July 4, 2024
Centre Court gives a standing ovation to Andy Murray 👏#BBCTennis #Wimbledon pic.twitter.com/sUEDGxJd4B
Roger Federer has already retired. Andy Murray is now retiring. Rafa Nadal will probably retire this year. Novak Djokovic is 37 yo.
— TheNewGen 🐝 (@thenewgenatp) July 4, 2024
This is a feeling similar to when you are finishing reading your favorite book. Or watching the latest episode of the best TV series of all time pic.twitter.com/RGmjsODPDt