Пред четири години, после првото коло, кон Роџер Федерес се залета еден млад дечко за да направи селфи со Швајцарецот. Додека обезбедувањето го стигна, дечкото успеа да стаса до Федерер кој беше бесен подоцна:
„Незадоволен сум. Синоќа исто се случи и на тренинг. Да, тој (што упадна) е дете, но потоа скокнаа уште тројца. А на централниот терен ти мислиш дека никој не може да упадне, но ете тој влезе и ништо не се случи. Мора да се менува нешто“, изјавил Роџер тогаш.
****
Во 2009-та година за време на финалето против Робин Содерлинг, Федерер првпат се сретна очи во очи со вечниот „упаѓач“ на големи манифестации, Џими Џамп кој скокаше преку ограда не само во спорт туку и на Евровизија (танцуваше за време на изведбата на шпанската песна).
Каталонецот Џими се „прослави“ кога му фрли на Луис Фиго во лице знаме на Барселона за време на Европското 2004, а еднаш му подари и дрес на Барса на Тиери Анри во полуфиналето на Лига на шампиони 2006 (следната 2007 Французинот прејде во Барса).
На Федерер му фрли исто знаме на Барселона:
НАЈЛУДИОТ МОМЕНТ НА РОЛАН ГАРОС
Освен Џими Џамп, тешка будалаштина на францускиот елитен турнир направи и Англичанецот Марк Робертс. Ролан Гарос стана еден од 400-те спортски настани на кои овој лудак упаднал.
Во Париз на централниот терен се појави „пиштол гол“ со три тениски топчиња врзани околу половиот орган.
Во главниот град на Франција имаше и неколку политички активисти кои го искористија Ролан Гарос за своите цели. Така во 2005-та за време на полуфиналето меѓу Мери Пирс и Линдзи Девенпорт на „кортот“ се појави маж со испишана парола на градите против тогашниот претседател Жак Ширак.
****
А во 2013-та година млад дечко со бакља во рака и маска на лицето протестираше против истополни бракови за време на финалето меѓу Рафаел Надал и Давид Ферер. Рафа, за разлика од Федерер останал смирен:
„Им благодарам на луѓето од обезбедувањето кои реагираа на време. Дејствуваа брзо и многу храбро“, рекол Рафа.
Некои онлајн обложувалници веќе ја пуштија својата шарена понуда, па така за упад на навивач на терен коефицентот е 4.00.
Меѓу другите необични понуди се и тие дека еден цел ден ќе помине без натпревари поради дожд (коефицент 3.10), дека гледач ќе се повреди поради рушење на дел од покривот (ова се случи пред неколку години, па затоа таква понуда која е 6.40 коефицент). Има и пореални, како таа дека еден од Топ10 ќе испадне од турнирот уште во рана фаза и е 2.50 коефицент.