Со денешниот триумф против Енди Мареј од 3:0, Новак Ѓоковиќ стигна до 6-та Гренд слем титула на Австралија опен, вкупна 11-та во својата кариера и се израмни со Род Лејвер и Бјорн Борг. Рој Емерсон има 12, Пит Сампрас и Рафаел Надал 14, а прв е Роџер Федерер со 17. На Србинот му фали уште титула на Ролан Гарос.