Во државата Викторија во Австралија веќе неколку дена вакцината е задолжителна. Во обраќање пред новинарите, премиерот на Викторија Дениел Ден Ендрјус се осврнал и на Новак Ѓоковиќ, светскиот тенисер број 1 кој наскоро во Австралија треба да го брка историскиот 21. Гренд слем пехар.
Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер имаат по неверојатни 20 Гренд Слем титули и светската јавност очекува некој да ја презеде предноста во догледно време. Најголеми шанси му се даваат на Србинот. Но...
„Тие освоени титули нема да те заштитат. Единствена титула која ќе те заштити е да можеш да кажеш дека си примил прва доза и дека си примил втора доза“, му порачал премиерот на Викторија (Мелбурн) Ден Ендрјус на Новак Ѓоковиќ.
Државата Викторија донела закон според кој сите вработени а тука ги смета и професионалните спортисти, сите кои на некој начин работат на организација и одржување професионални спортски настани и сите членови на телевизиските куќи ќе мора да бидат вакцинирани.
Рокот за примање прва доза пред претстојниот Австралија Опен е 15 октомври, а рокот за втора доза е 26 ноември.
Ако во претходните две години имаше недоумици околу одржувањето на првиот Гренд Слем во годината, овојпат очигледно ситуацијата е појасна. Ќе игра само оној кој ќе потврди дека примил најмалку една доза вакцина против вирусот.
А одамна е познат ставот на Новак Ѓоковиќ кој неколку пати изјави дека тој нема никакво право некого да разубедува да се вакцинира или не и дека негов личен став и мислење е дека тој нема да се вакцинира.
The Premier has served up an ultimatum to tennis superstar Novak Djokovic to get vaccinated or miss out on January’s Australian Open. The stance comes as a vaccine blitz targets Melbourne’s south east. https://t.co/5zYfOfohG3 @paul_dowsley #7NEWS pic.twitter.com/TVABGI1fQz
— 7NEWS Melbourne (@7NewsMelbourne) October 3, 2021