Ник Кирјос одново ја запрепасти светската јавност, не само со намерното лупање топче во градите на Надал кој чудно го погледна, туку и со изјавата по мечот:
„Намерно сакав да го погодам во гради. Што има да му се извинувам? Колку Гренд слема има? Може да го прими топчето на гради“, рекол Кирјос пред новинарите.
Кретенот како мал:
Кирјос, кој изгуби од Надал 3:1 во сетови и испадна од Вимблдон имаше идиотски однос и на пресот каде на еден новинар му рече: „Многу си возбуден што поставуваш вакво прашање, изгледа стварно ти е досадно во животот“.
Here's a clip of me getting comprehensively owned by Nick Kyrgios pic.twitter.com/x3ZyPUEfag
— Harry Shukman (@HShukman) July 4, 2019
Пред крајот на пресот, една новинарка му го постави сто пати вергланото прашање дали тоа што пиел во еден паб, каде го виделе вечерта пред мечот со Надал, влијаело да изгуби? Овој ја препозна од пабот:
In his post-match press conference, Nick Kyrgios recognises a reporter from the pub. Warms the heart. pic.twitter.com/GtMhdumzo0
— Stig Abell (@StigAbell) July 4, 2019