Да не била Мирка, Федерер одамна ќе го баталел тенисот

Малкумина знаат за почетокот на кариерата на Роџер кога бил чиста спротивност на она што е денес. Кршел рекети, викал и се карал со судии, се однесувал ексцентрично. Денес е огледало на спокој и мир а за тоа е заслужна неговата жена.

Историјата на познанството на Роџер со Мирослава Вавринец има интересно предание меѓу љубителите на тенисот.

Двајцата играле заедно за Швајцарија на Олимпијадата во Сиднеј 2000-та и дури пред крајот на овој фамозен турнир, Федерер се осмелил да ја бакне Мирка. После тоа почнале почесто да се гледаат а во 2002-ра година пак се нашле во иста селекција, но не успеале да ја минат групата на Хофман Купот. Набрзо после тоа Мирка Вавринец го напуштила тенисот поради хроничен проблем со стопалото кој не можела да го реши.

Нејзиниот најдобар резултат во тениската кариера останала трета рунда на US Open во 2001-ва и 76. место на ранг листата.

По завршување на кариерата таа целосно се посветила на Роџер.

Психолог и советник

Денес ретко кој не го смета Федерер за олицетворение на спортска мудрост и психолошка стабилност. Но ретко кој го познава Роџер од претходно и како се однесувал со тенисот со нездрава страст (народски кршел рекети при загубен поен).

Швајцарецот едноставно бил опседнат со тенис. Кога не играл идеално се обвинувал себеси со бесконечна анализа.

За да не забега скроз, Мирка насилно му ги одвлекла мислите од тенисот и го носела во кино или на вечера. Стабилноста во нивниот однос му помогнала на Роџер спокојно да се однесува кон животот и тенисот:

„Благодарение на неа јас брзо се развивав и растев, бев мирен во најважните моменти од мојата кариера“, вели Роџер.

Порано Мирка учествувала и во стратешко планирањe. Нејзината тениска кариера не била успешна па таа точно знаела што не треба да се прави. На пример, во 2004 година, Мирка го убедила Федерер да направи пауза среде сезона: „Сметаше дека не треба да го арчам талентот попусто зошто го видела тоа на свој пример, дека тоа е ограничен ресурс. Кога станав прв светски рекет, решивме дека ќе играм помалку за да го одморам организмот“, раскажувал еднаш Маестро Роџер.

Но некои сметале дека Мирка била дури и премногу влијателна и арогантна. Во 2004. шампионот на Вимблдон од 1987 година Пет Кеш ја обвинил дека таа го убедила Роџер да го избрка тренерот Питер Лундгрен за да може да има целосна контрола над неговата игра и живот. А токму со сјајниот Лундгрен Федерер го освои својот прв Вимблдон.

Мирка во одговор на тоа обвинение рекла дека „Кеш треба да затне муцка“.

А Пол Анакон, кој го тренираше Федерер од 2010 до 2013, рекол дека таа дозволува да работат, но при тоа сакала да се споделуваат важни информации со неа.

Менаџер

Мирка силно се фатила со работа врз кариерата на Федерер по завршувањето на својата кариера. Долго време му организирале се - од летови и прес-конференции до интервјуа и гостувања во студија. За време на разговорите со новинарите, и таа често седела заедно со Роџер, а кога го допирала часовникот тоа значело дека разговорот е готов.

Во 2009 година Мирка малку ја запоставила работата со Роџер за да им се посвети на децата и Федерер тогаш вработил неколку луѓе да ја одменат. Но неговата жена и натаму е во тек со сите прашања, детално го знае распоредот, спонзорските договори на Роџер и разни негови проекти.

Навивачка

Во 2008 година во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло, Федерер побара од најблиските на Новак Ѓоковиќ да бидат потивки. А подоцна некои играчи се жалеа од жена му на Роџер која дури и после цели 15 години во ложата, уште е најактивна во текот на дуелите на сопругот.

Кога еден навивач го прашал Ник Кирјос на твитер што му е најтешко на мечевите против Федерер, Австралиецот напишал: „Тоа што Мирка урла и свири на мојот дел од теренот пред сервис и меѓу поените“.

Во 2014-та Мирка се скара и со Стен Вавринка поради криците. Станислас не можел да сервира добро и испуштил четири меч топки во третиот сет од полуфиналето на еден турнир а потоа се пожалил на поведението на жена му на Роџер со кого се многу добри другари од репрезентацијата.

После изјавата за Мирка, Стен и Федерер уште 10 минути зборувале во тренажната сала. Медиумите пишуваа дека Вавринка бил многу бесен на Мирка.

А за време на финалето на Australian Open 2018 Мирка одржа мастер по тоа како девојките и жените треба да ги поддржуваат тенисерите.

Поддршка

Во 2009-та година Мирка ги роди близначките Мајла Роз и Шарлин Рива а во 2014-та двајца машки близнаци, Лео и Лени. Сега семејна традиција им е таткото да заработува а мајката да ги воспитува децата. Како што често бива, главата на семејството е мајката.

Роџер вели дека не сака да поминува многу време одвоен од семејството поради што Мирка прави се за децата да патуваат секаде по светот каде игра тато. На пример во првата половина од минатата сезона Федерер играше на само два турнири - во Штутгарт и во Хале. „Среќен сум што ми овозможи да го остварам сонот. Нејзината улога е важна колку и мојата. Да не беше она ќе се занимавав со нешто друго“, изјавил Федерер.

По големиот и историски триумф на Аustralian Open 2018, Федерер признал: Ако Мирка не прифатеше да оди со семејството по целиот свет, јас одамна ќе ја завршев кариерата. И тогаш немало да има 20 големи титули на Гренд Слем и еден куп други рекорди кои Федерер ги освои со помош на својата најголема поддршка, Мирка Вавринец.