2001
На Ролан Гарос 2001-ва, 19 годишниот Федерер стигна до своето прво четвртфинале на „Гренд Слем“, и загуби од идниот финалист Алекс Кореча. После еден месец на Вимблдон го победи шампионот Пит Сампрас во пет сета и се расплака од среќа.
2003
Во мај 2003 Роџер Федерер првпат во кариерата го сметаа за претендент за титулата на Ролан Гарос, но шокантно изгуби во Париз уште во првото коло после што во солзи кажа:
„Не знам колку време ќе ми треба да го преболам овој пораз: недела, година или целата моја кариера“.
Шест недели подоцна 21-годишниот Швајцарец на Вимблдон ја освои својата прва Гренд Слем титула.
2006
Титулата на Australian Open-2006 стана седми „Гренд Слем“ во кариерата на Федерер и трета за неколку месеци.
„Кога после финалето го слушнав своето име над големиот стадион по име Лејвер и го добив трофејот од самиот Лејвер, сфатив колку е величествен моментот. Да го добиете трофејот Норман Брукс од рацете на Род Лејвер. Тој момент нема да го заборавам никогаш“, изјави Швајцарецот после мечот насолзен во очите.
2008
Првата Олимпијада на Федерер беше во Сиднеј 2000, но тој успеа да го освои златото дури на третата - во Пекинг 2008 во пар со Стен Вавринка. Тогаш ја имаа и незаборавната прослава со неговиот сонародник:
2009
Финалето на Australian Open-2009 беше и остана епско во светскиот тенис. Легендарен дуел на великаните кој траеше цели четири часа и кој го доби Шпанецот. После дуелот Роџер ја даде митската реплика: „God, it’s killing me“. Тоа стана симбол на поразот на Роџер а Рафа додаде: „Роџер, извини што излезе вака“ и даде пример за учебници од спортска великодушност.
После пар месеци Федерер објасни:
„Не мислев така. Боже подобро никогаш да не го освојам овој турнир. О, Боже, толку сум разочаран не можам да поверувам. Не можав да ги контролирам емоциите.“
Истата 2009 Роџер ја освои шампионската титула на Ролан Гарос после три загубени финалиња по ред и го комплетираше кариерниот Гренд Слем.
2012
Победата на Вимблдон 2012 беше неверојатен 17-ти Гренд Слем во кариерата на Федерер, а прв освоен пред очите на своите ќеркички што беше посебно емотивен момент за него.
2014
Во есента 2014-та откако го освои својот прв и најдрагоцен Дејвис Куп, Федерер имаше реакција во која ретко кој поверува дека може да излезе од него:
2017
Својот осми рекорден Вимблдон, Роџер го освои така убедливо што ниту самиот не очекуваше, но емоциите одново го совладаа еден од најдобрите спортисти на сите времиња.
What it means to make history...#Wimbledon @rogerfederer pic.twitter.com/amzokbYM36
— Wimbledon (@Wimbledon) July 16, 2017