На една страна од мрежата вчера беше Лејтон Хјуит, кој го играше својот последен Вимблдон. На другата страна стоеше Јарко Ниеминен, кој исто така за последен пат игра на Ол Ингланд клубот. Сентименталниот меч за Хјуит заврши онака како што тој играше во текот на целата кариера. Со многу поени, гемови, сетови и борба до последен здив. Финецот победи 3-6, 6-3, 4-6, 6-0, 11-9 а дуелот траеше цели 4 часа по топло време.
На 34 години, со неговата сопруга, децата и добриот пријател Адам Скот во публиката, Хјуит се прости од својот омилен турнир. Адам Скот е првиот Австралиец кој освоил Мастерс турнир.
„За мене ова е дом на тенисот. Никаде не се чувствувам така како кога ќе зачекорам на овие терени. Во ниту еден тениски комплекс го нема тоа чувство како што ми е овде. Се ежам кога шетам на Вимблдон“, изјави Хјуит.
Покрај Пит Сампрас и Лејтон Хјуит кои имаат по 7 титули на Вимблдон, ниту еден друг тенисер не стигнал до повеќе пехари на престижниот турнир. Лејтон Хјуит го заработи своето место во пантеонот во 2002. година, кога со 3:0 ги добиваше сите мечеви на Вимблдон, во четвртфиналето славеше победа во пет сета против Сјенг Шалкен и во финалето го прегази Давид Налбандијан со 6-1, 6-3, 6-2.
Омилениот спортист на Австралијците и Британците не ја продолжи победничката серија, затоа што веќе следната година високиот и тогаш анонимен Хрват Иво Карловиќ го направи најголемото изненадување и го елиминираше фајтерот Лејтон.
Хјуит остана на два Грен Слема во кариерата, оној од 2001. на УС Опен и во 2002. година на Вимблдон. Финалниот дуел со Налбандијан беше единствен во историјата на кој се судрија двајца играчи од основната линија (baseliners) и ниту еден од нив не упати ниту еден волеј во текот на мечот.
И покрај тоа што не е ист како легијата aвстралиски тенисери пред него кои знаеа само за офанзивен тенис, Лејтон Хјуит ќе остане запаметен како тенисер кој никогаш не се предава, дури и кога сè е загубено. Австралиецот има во план да игра сè до Австралија Опен 2016 за кога размислува да му каже збогум на тенисот.
Учинокот на Вимблдон на Лејтон Хјуит е:
57 одиграни натпревари
41 победа
16 порази
72% победи
1 титула во сингл