Финецот Јарко Ниеминен денес го одигра последниот меч во кариерата на Вимблдон, а Ѓоковиќ го препозна моментот и го почека Ниеминен заедно да излезат од теренот. Додека излегуваа, Ноле заедно со публиката го поздравуваше ветеранот.
Шампионот на Вимблдон од 2002. година, Австралиецот Лејтон Хјуит загуби во првата рунда од Јарко Ниеминен со 3-2 во сетови и на тој начин се прости од местото на кое најмногу сакаше да игра тенис.