Спортскиот гест на Ѓоковиќ на Вимблдон

Финецот Јарко Ниеминен денес го одигра последниот меч во кариерата на Вимблдон, а Ѓоковиќ го препозна моментот и го почека Ниеминен заедно да излезат од теренот. Додека излегуваа, Ноле заедно со публиката го поздравуваше ветеранот.

„По крајот му честитав за фантастичната кариера. Јарко е прекрасен човек и неверојатен професионалец кој долги години е во врвот на светскиот тенис. Тој е еден од најдобрите момци надвор од теренот и посебно задоволство ми е што токму јас му бев последен противник на Вимблдон", изјави Ѓоковиќ после мечот од 3. коло.

Потегот на Ноле за време на мечот:

1 јули 2015 - 17:54