Јастребот Руфус
Руфус е долгогодишен важен член на семејството на Вимблдон. Во последните 5 години има задача да ги брка гулабите од терените на Ол Ингланд Лаун Тенис Клубот. Руфус е вистинска атракција за посетителите на Вимблдон, а на главата има радио преносник кој помага да го лоцираат кога ќе залута. Режијата на преносите често го дава во кадар.
Само 7 финалиња не се прекинале поради дожд од 1920
Вимблдон и дождот одат рака под рака. Дождот е толку влијателен на Вимблдон што само седум пати од 1920. година победникот бил одлучен без прекин поради дожд: 1931, 1976, 1977, 1993, 1995, 2009 и 2010. За да се заштитат од дождливото време, организаторите во 2009. година кренаа покрив на Централниот Терен каде се игра финалето.
Кралската ложа
Royal Box-от на Вимблдон е изграден во 1922. година за да ги пречекува вип гостите и пријателите на организаторот. Има 74 темни столчиња, на кои не може да седне секој, туку само специјално поканетите од Шефот на Ол Ингланд Клубот. Познати лица кои гледале тенис од Ројал Боксот се Дејвид Бекам, Сер Боби Чарлтон, Сахин Тендулкар, Сер Алекс Фергусон.
Јагоди со шлаг
Вимблдон има и богата традиција на служење јагоди со шлаг. Оваа традиција го обележува стартот на летото. Најстариот Гренд слем турнир за прв пат се играл во 1877. година во југо-западен Лондон, а јагодите со шлаг се јаделе уште од тоа време. За потребите на Вимблдон се подготвуваат околу 9.000 садови со најквалитетни јагоди кои се служат како десерт.
Прослава на Балконот на Централниот терен
Освојувањето на Вимблдон е најголемото достигнување за еден играч, така што и прославата мора да биде соодветна со тоа. Од таа причина, на Централниот терен има посебен Балкон каде играчите излегуваат со трофејот пред навивачите кои се надвор од стадионот.
Вимблдон Музејот
Еден од најголемите тениски музеи на светот. Направен е со цел посетителите да се запознаат со историјата и традицијата на Вимблдон, од почеток па до денес. На ова место може да го видите шампионскиот трофеј, да ја помирисате облеката носена од некои играчи, како и да гледате 3Д филм за тениската историја. Музеот има и платформа ЦентраленТерен360, која овозможува да ја почуствувате атмосферата од главниот терен.
Англиското Кралско семејство
Кралството за прв пат зачекорило на Вимблдон во 1907. година и од тогаш е традиција да се појавуваат на некои од мечевите на турнирот. Играчите се должни да се поклонат на Војводата и Војвотката од Кент кога ќе влезат на трибините.
Трофејот кај мажите
Трофејот за прв пат бил претставен во 1887. година со ананас на врвот, како што изгледа и денес и е мистерија за многумина. Името на шампионот се изгравирува секоја година на самиот трофеј.
Техничката белина
Секој знае дека опремата на играчите додека играат на Вимблдон мора да биде исклучиво бела, но постојат уште некои поединости како:
- Белото не исклучува крем боја.
- Не смее да има никакви мешања на варијантите од бела боја.
- Маицата, шорцевите, како и женската опрема мора да бидат целосно бели.
- Патиките мора да бидат целосно бели, со сè врвките.
- Бели мора да бидат и чорапите, долниот веш, капата, стегачите и градник.
- Медицинската екипа и стручниот штаб исто мора да бидат облечени во бело.
- Други бои се допуштени само ако е некаков украс или етикета на опремата, но под услов да не се пошироки од еден сантиметар.