Американецот Џон Изнес и Французинот Николас Махут сè уште го држат рекордот во најдолго играње тенис кога на Вимблдон во период од три дена на терен беа 11 часа и пет минути.
Мечот почна на 13-от ден на Вимблдон на 22 јуни 2010 година во 18:18 часот, но беше прекинат поради мрак при резултат 2:2 во сетови. Продолжи наредниот ден во 14:05 и рекордот веќе беше срушен во 17:45.
Играта повторно беше прекината пак поради недостиг на светлина во 21:13, продолжи во четврток во 15:40, а заврши во 16:49. Последниот сет траеше 8 часа и 11 минути.
По завршувањето и двајцата играчи добија посебна награда од организаторот. Изнер како победник на мечот во следното коло се сретна со Тимо де Бакер и загуби со 3:0 за 74 минути игра.
„Ова е импресивно да се види, не знам дали требаше да плачам или да се смеам. Тоа беше премногу, навистина е неверојатно ова што го гледав“, изјави за мечот Федерер.
„Треба да им дадете кредит и на двајцата. Кој и да победи денес, мислам дека и двајцата се победници“, коментираше Ѓоковиќ.
Спортски хирург тогаш изјави дека тенисерите ризикувале дехидрација, хипертермија и оштетување на бубрезите. Потоа ризик дека еден од нив може да има некаков вид на повреда која би траела шест месеци, како на пример проблем со рамо или колено, а потоа да му треба минимун една година да влезе во ритам.
Рекорди од мечот:
-Најдолго траење на меч (11 часа и 5 минути)
-Најдолг сет (8 часа и 11 минути)
-Највеќе гемови во еден сет (138)
-Највеќе гемови на еден меч (183)
-Највеќе асови на еден играч на еден меч (Изнер - 113)
-Вкупен број на асови на еден меч (216)
-Најголем број на освоени поени на еден меч (Махут - 502)
-Вкупен број на освоени поени на еден меч (980)