На денешен ден пред точно 28 години Селија Марија Кучитини на планетата земја го донесе фудбалскиот бог кој може да се пофали дека има жена, машко дете, многу пари, 412 голови за Барселона и 24 трофеи, девет повеќе од Марадона и Пеле заедно. Му посакуваме да го држи здравјето и формата и да освои и Светско првенство кое му фали во кариерата.