Приказната за камперот што го елиминираше Надал од Вимблдон

Дастин Браун направи земјторес во тенискиот свет, откако вчера со 3-1 во сетови го совлада Рафаел Надал и го елиминираше Шпанецот уште во второто коло на Вимблдон. Штедел пари да игра на помали турнири, а спиел во кампер што му го купиле родителите.

Германецот со потекло од Јамајка, Дастин Браун на Вимблдон дојде како квалификант кој успешно ги мина квалификациите и на 30 години го направи најголемиот успех во кариерата.
 
Роден е во 1984. во Германија. Татко му е Јамајканец, а мајка му Германка, по што Браун се преселил во Јамајка кога имал две години. Таму почнал да игра тенис и настапува за Дејвис тимот на Јамајка. Во 2004. година се враќа во Европа и тогаш неговите родители му купиле Волксфаген кампер за да може да игра на помалите турнири ширум Европа. Во 2010. година, Браун изјави за Обсервер дека штедел пари за да може да настапува на турнирите.
„Тоа беше авантура за мене", изјави Дреди познат по долгите суканици.

Последен пат ја ишишал косата речиси пред 19 години, во август 1996. година. Слушал РнБ и хип-хоп, а често носи слушалки на себе за време на тренинзите.

„Среќен сум што имав прилика да играм против него, без разлика дали ќе победев или изгубев. Сите деца кои тренираат тенис сонуваат да настапат на Централниот терен. Да се игра таму против Надал е нешто посебно а ова беше најубавиот ден во мојот живот“, изјави после сензацијата, Дастин Браун или познат како Дреди.

Браун е првиот Јамајканец после 40 години што играл на Вимблдон. Пред него прв тенисер од оваа земја кој играл на Вимблдон бил Ричард Расел кој сега држи тениска академија во Кингстон, главниот град на Јамајка. Баба му на Браун потекнувала од Велика Британија, така што тенисерот во 2010. година се откажал од селекцијата на Јамајка и сакал да настапува за Велика Британија, но британската тениска федерација не ја прифатила понудата, по што тој заиграл за Германија.
„Пројде возот. Имам два пасоши. Германски и од Јамајка. Сега играм за Германија“, констатираше Браун во интервју за Индепендент.
Во следното коло, Дастин Браун ќе игра против Србинот Виктор Троицки утре од 12:30 часот.
 
Еве како тенисерот од Јамајка го победи Рафа Надал: