Ѓоковиќ му се извини на девојчето што собира топки

Откако го доби маратонот со Кевин Андерсон со 3-2 во сетови, Новак Ѓоковиќ го анализираше мечот и се извини за тоа што во еден момент нервозно му се развика на девојчето што собира топки зад него.

Актуелниот шампион на Вимблдон изјави дека дуелот против Кевин Андерсон му бил можеби еден од најтешките во кариерата. Јужноафриканецот имаше повеќе од 40 аса во текот на целиот мечот и Ѓоковиќ се фрустрираше на теренот што тешко ги враќа бомбите на високиот противник.
 
Кога го прашаа за инцидентот со девојчето што собира топки во шестиот гем од решавачкиот сет, Србинот изјави дека бил нервозен по 20 меѓусебни удари во поенот кој го загуби по лош форхенд.
„Жал ми е. Немав ништо лично против неа. Можеби таа само се исплашила од моето врескање затоа што бев близу до неа. Дефинитивно ќе ѝ се извинам ако сум погрешил“, изјави Ѓоковиќ.
Новинарите го потсетија Ноле и дека на денешен ден е 30-годишен јубилеј од првиот трофеј на неговиот тренер Борис Бекер на Вимблдон со само 17 години.
„Не знаев дека е денес. Но ќе добие од мене шише вино, јас ќе пијам шише вода и ќе го прославиме јубилејот“, изјави Ѓоковиќ.
Рекетот број еден во светот денес игра против Хрватот Марин Чилиќ против кого има 12 од 12.
 
„Чилиќ имаше исклучителна сезона минатата година, најдобра во животот. Играше добро на Гренд слемовите и го освои УС Опен. Тоа е круна на неговата кариера“, констатираше Ѓоковиќ.
Еве како Ѓоковиќ збесна во еден момент:
Во меѓувреме Ноле беше добро расположен за мајтап со Виктор Троицки:
8 јули 2015 - 10:41