Салата со козјо и јагоди

Плус она што остана во фрижидерот!

Потребни состојки:

  • микс салата (од ќеса)
  • козјо сирње
  • јагоди
  • брокула
  • ореви или индиски
  • крема балзамико
  • маслиново

Оваа салата случајно се најде на моето мени. Тоа се случи последниот ден од викендот надвор од Скопје, она кога ги дотрошуваш работите што останале во фрижидер. Се спремавме за ручек, салата мора да се има, нели. Го отварам фрижидерот и гледам две ќесици салата (оние што ги има по маркети, измиени и спремни), мало букетче свежа брокула, пола млеко, паштета, козјо сирење и јагоди (ги донесе другарка што дојде вториот ден). Си велам, ќе ставам сè што можам од овде. На крај излезе неверојатно добра. Она што всушност ја направи добра е комбинацијата на вкусовите.
Правењето салата и не е толку голема филозофија.

Чекори за подготовка:

  1. Миењето марула некогаш знае да е многу досадно. Па затоа секогаш ги користам ќесиците. Башка има повеќе вида, млад спанаќ, млада рукола и микс од двете плус лоло росо (салата со црвен лист). Го отварате ќесичето со салата и ја ставате во сад. Го отварате и другото ќесиче и тоа го ставате во сад. :)
     

  2. Исецкајте ги јагодите онака како што сакате вие.

  3. Исецкајте ги брокулите на мали парчиња

  4. Додадете ги јагодите и броклулите во салатата. Земете го козјото сирење и изронете го одозгора. Додадете ги оревите или индиските и зачинете со маслиново и крема балзамико. Битно е да е крема бидејќи е на некој начин блага и совршено се вклопува со јагодите и козјото. Мњам!

Хинт:

Запечете го козјото сирење на плотна и ставете го последно на врвот на салатата.
23 јануари 2016 - 14:56