Музејот на нинџите Ига-рју се наоѓа во централна Јапонија и е посветен на историјата на славниот клан на нинџи Ига. Oтворен е во 1964, во близина на замокот Ига Уено. Музејската збирка вклучува записи и документи поврзани со „нинџутсу“ - стратегијата на неконвенционално војување, герила тактика и шпионажа практикувани од нинџите, како и 400 примероци на древни оружја.
Музејот е всушност симулација на село, со тајни ходници, лажни врати и стапици како заштита од натрапници. На посетителите им е дозволено да ракуваат со некои од оружјата и одржува презентации. Виртуелна верзија на музејот има во видео играта „Секонд лајф“.
Неодамна во овој музеј упаднале современи нинџи кои за неколку минути успеале да го откорнат сефот тежок 150 килограми и да украдат пари од влезници, во вредност од околу 8000 евра. И не е дека нешто многу се збогатиле, но барем направиле добра поента, дека музејот посветен на нинџите треба да си поработи на тактиката.
Иако има и многу недоразбирања и неинформираност на темата, нинџите, нивната мистериозност и вештини се препознатлив симбол на Јапонија во светот. Секој викенд во спомнатиот музеј пристигнуваат над 1000 посетители. Меѓу нив и некои несакани.