Часовникот му е украден на Азербејџанец на одмор во Шпанија, поточно во Ибица. Делот во кој драстично почнува да ти се намалува сочувството за жртвата е што жртвата е 22-годишно момче (со часовник од 1,3 милиони долари). Според шпански весници кражбата се случува додека момчето околу 16:30 се шетало покрај море на Ибица, а крадецот неколку пати се удрил во него пред да му го украде.
Часовникот, комплет сосе ремчето тежи 38 грама и е направен од ултралесен титаниум, карбон и графит, а формата му е направена да потсетува на волан од Ф1 болид.
Дилерите на скапи часовници проценуваат дека крадецот ја избрал жртвата затоа што видел дека станува збор за Ричард Мајл часовник, меѓутоа грешката е што не препознал дека станува збор за ограничена серија чија вредност е над 1 милион долари.
Освен што нема да може лесно да го продаде, тој веројатно ќе извади само дел од цената, бидејќи „секој што може да одвои над 1 милион долари за часовник веројатно истиот ќе го купи на ново“.