Најголемите кражби на храна во 2013.

Во 2013-та се крадело храна на големо. Од плескавици до бурбон, од ореви до пилешки крилца и конзерви со грав и колбаси. Ова се најголемите грабежи за годинава.

63.500 килограми ореви
Вредност: 400.000 долари
Кога: ноември 2013-та
Каде: овоштарник во Ескалон, Калифорнија
Статус: Не е познато каде се наоѓаат

195 шишиња 25-годишен Pappy Van Winkle бурбон, и 27 шишиња 23-годишен Vintage Rye
Вредност: 27.213 долари
Кога: октомври 2013-та
Каде: Бафало Трејс дистилерија, Кентаки
Статус: Се уште се исчезнати, ама полицијата има информации


З.000 пакети плескавици за хамбургер
Вредност: 100.000 долари
Кога: април 2013-та
Каде: Транспортна компанија во Линден, Њу Џерси
Статус: Не е познато каде се наоѓаат

19.050 килограми Муенстер кашкавал
Вредност: 200.000 долари
Кога: март 2013-та
Каде: Каштон Висконсин
Статус: Откриен во Њу Џерси и дониран во добротворни цели

6.400 конзерви Хајнц грав и колбаси
Вредност: 10.000 долари
Кога: октомври 2013-та
Каде: На англиски автопат, од камион за испорака, додека возачот спиел
Статус: Не е познато каде се наоѓаат

4.990 килограми Нутела
Вредност: 20.710 долари
Кога: април 2013-та
Каде: Шлепер паркиран во напуштена германска железничка станица
Статус: Не е познато каде се наоѓаат

15.303 шишиња Blueprint Cleanse Juice
Вредност: 153.000 долари
Кога: мај 2013-та
Каде: Магацинот на БлуПринт на Лонг Ајланд
Статус: Најдени и уништени (заради минат рок)

Цел камион со Камбел супа
Вредност: 75.000 долари
Кога: април 2013-та
Каде: Паркинг за камиони на Флорида
Статус: Откриено неколку часа подоцна

11.790 килограми замрзнати пилешки крилца
Вредност: 65.000 долари
Кога: јануари 2013-та
Каде: Ладилница во близина на Атланта
Статус: Крадците се фатени, ама крилцата не се откриени

Почесно споменување:
2.722.000 килограми јаворов сируп
Вредност: 18 милиони долари
Кога: од август 2011-та до јули 2012-та
Каде: Стратешките резерви на јаворов сируп во близина на Квебек
Статус: Значителна количина е откриена, остатокот крадците го истовариле во рурална Канада и Нова Англија.

19 ноември 2013 - 16:29