Некои иновативни јадења знаат да постигнат култен статус во американските градови. Огромни редови и вистинска манија доживеаја хибридни измислици од типот на кронат (кроасан/крофна), френагел или раменрито (обилно на оваа тема имаме овде)
Ограбената пекара во Сан Франциско (Mr Holmes Bakehouse) била позната по своите крофини (мешап меѓу кроасан и мафин). Нивните делиции доживеаа рецензии по гастро портали, редови се правеле и пред да отворат, крофините биле разграбувани до пладне.
Само три месеца од ваквата популарност, пекарата станала атрактивна за непознатиот апаш кој влегол во неа и го украл рецептот за крофини (заедно со уште 200 други рецепти), оставајќи го негибнато сето она што обично би го занимало крадец: пари, таблети, компјутери.
Пекарот кој е татко на крофините преку медиумите му порача на крадецот дека трудот му бил залуден бидејќи во украдениот рецепт немало многу битни детали: техниката на месење, начинот на кој се додава путерот, печењето кое трае неколку дена....
За The Times открил само еден детал кој исто така го нема во напишаниот рецепт: дека путерот за неговите крофини мора да биде увезен од француското место Изињи су Ме.