Кронат (croissant+ doughnut)

Автор: Доминик Ансел. За кронат пред неговата фурна во Њујорк летово се чекaло и до 5 часа.
Нудл - бургер

Измислица на њујоршкиот готвач Кеизо Шимамото. Плескавица која наместо класична лепиња ја држат јапонски тестенини. Плус соја сос, рукола и млад кромид.
Кронат бургер

Хибрид од хибрид, бидејќи и самиот кронат е хибрид. Штом е бургер има плескавица. И кашкавал.
Лутер бургер

Овој постои поодамна, од 2006-та. Крофна наместо лепиња, наводно му бил омилен на музичарот Лутер Вандрос.
Двоен пилешки стек

За да не се бута леб, два пилешки стека, во средина сланина, два вида кашкавал и сосот на KFC.
Ролована експлозија

Легенда на нездравата храна. Големо речиси колку рагби топка, со леери од сланина и месо по целата сочна внатрешност.
Путер на стапче од фритеза

Не е сендвич ама е таква перверзија што е греота да не се спомне. Парче путер, начукано на стапче и шокирано во зовриено масло од фритеза. Се прелива со - путер.
-------------------------------------
И, да не заборавиме кој прв почна. Нејзиното височество, блудната швалерка од раните утрински часови, симит погача:
