Според него музејот направил кражбата да биде премногу лесна и сега сака да ја тужи институцијата за "небрежност."
"Не можам да замислам дека музеј би изложил така вредни дела со толку малку обезбедување," изјавил Догару во судот во Букурешт, заканувајќи се дека ќе го тужи музејот од Ротердам.
Догару се надева дека тужбата ќе му помогне да собере дел од милионите евра отштета што тој треба да ги плати. Отштета следува заради тоа што седумте слики уште не се пронајдени. На почетокот од годината, мајката на Раду изјави дека ги запалила сликите за да ги уништи доказите против него. Подоцна таа ја повлече изјавата.
Во посебна истрага полицијата се обидува да утврди дали пепелот кој беше откриен во куќата на Дугару навистина има остатоци од сликите, иако тој тврди дека тие не се уништени.
"Сликите секако дека не се уништени. Не знам каде се, ама верувам дека се продадени," изјавил Дугару пред судот.