Вол стрит журнал објавува дека извесен Николас Де-Мејер работи како асистент на ко-претседателот на Голдман Сакс, Дејвид Соломон, во периодот од 2014 до есента 2016. Меѓу другите задолженија задача на Де-Мејер е и транспортот на пратки на ретко и скапо вино на неговиот шеф, од апартманот во Менхетен до неговата визба во Хамптонс.
Во манир на искален превозник Де-Мејер земал „бакшиш“ од пратките што ги превезувал, а шишињата вино ги продавал на човек од Северна Каролина. Меѓу украденото вино е и пакет од 7 шишиња француско вино Domaine de la Romanée-Conti, што неговиот шеф го купил за 133.650 долари, или речиси 20.000 долари по шише.
Според обвинението стотиците шишиња што ги украл Де-Мејер се „меѓу најдоброто, најскапото и најреткото вино во светот.“
Бербата на Де-Мејер трае се до есента 2016 кога Соломон открива дека му фалат стотици шишиња. Асистентот е отпуштен отприлика во исто време, по што ги напушта САД.