Автомобилскиот гигант Фолксваген, кој е сопственик на Волфсбург би можел да биде казнет со 18 милијарди долари по лажирањето на тестирањата за емисија на гас во САД.
Фудбалерите на Волфсбург вечерва играат во ЛШ против Манчестер Јунајтед, а управата се соочува со голем проблем поради објавените лажирања на Фолксваген.
„Кога ќе доживееш голем финансиски крах, гледаш што можеш да спасиш. Спонзорството е една од работите кој се најпогодени од ограничувањата. Би можело да има големо влијание врз клубот“, изјави за БиБиСи, Сином Чадвик професор по спорт и бизнис стратегија на Универзитетот во Ковентри.
Волфсбург е основан како спортско друштво со повеќе секции за работниците на Фолсвакегн во 1945. година и компанијата со значајни финансиски инвестиции го помогна клубот да стигне до титулата во Бундеслигата во 2009. година и Германскиот куп лани. Во моментов Волфсбург е четврти во лигата и игра во ЛШ.
Според професорот Чадвик, финансиската неволја во Фолксваген би можела да ги потресе и другите клубови и спортови.
„Фолксваген сам спонзорира околу 18 од 36 германски клубови кои играат во првата и втората лига во разни спортови. Но ние овде не зборуваме само за Фолксваген, туку за Фолксваген групата. Тоа го опфаќа Ауди, кој е значаен спортски фактор. На пример, Ауди ја спонзорира Барселона. И Ауди и Фолксваген се вклучени во мотоспортовите.
На чело со Един Џеко и Бразилецот Графите, Волсфбург во 2009. година одигра фантастична сезона и стигна до титулата во Бундес. По неколку години во средина на табелата, Волфсбург лани одигра одлична сезона и директно се пласираше во елитната ЛШ.
„Не можам да кажам ништо конкретно за операциите во Фолксваген, но генерално сигналите се јасни и како што стојат работите ништо нема да се смени. Инвестициите на целата Фолксваген група не се мали, но од друга страна нивната емотивна приврзаност е голема и затоа не сум загрижен“, изјави спортскиот директор на клубот, Клаус Алофс кој настапи 56 пати за Западна Германија од 1978 до 1988 година.
И покрај самоувереноста на спортскиот директор, поранешниот напаѓач на Волфсбург, Џонатан Акпобори вели дека клубот би претрпел голема штета ако спонзорот ги намали спонзорствата.
„Кога има проблем за Фолксваген, има и за Волфсбург. Фолксваген е поддршката на Волфсбург и би била катастрофа ако се разделат. Клубот не би преживеал без Фолксваген“, вели Акпобори.
Покрај Волсфбург, во групата од ЛШ се уште и Ман. Јунајтед, ПСВ Ајндховен и ЦСКА Мосвка.