Се работи само за промена која се уште е во фаза на разгледување, и нема да биде поврзана со претплатата од 8 долари за верификувани профили.
Една од верзиите која се споменува е на сите да им се дозволи користење на Твитер на одредено време месечно, а по истекот од нив да се побара претплата за да можат да продолжат со користењето.
Маск неодамна објави дека Твитер губи по 4 милиони долари на ден, а според Њујорк тајмс, кредитот што го земал Маск за комплетирање на зделката од 44 милијарди долари има годишна камата од 1 милијарда долари.
Првичниот план за претплата за верификуваните профили е одложен до после меѓуизборите во САД, по инсистирањето на вработените дека промената на неколку дена пред изборите би довела до нагло зголемување на дезинформациите на социјалната мрежа.