Нема мрдање од 8 долари претплата за Твитер

Во основа Твитер и понатаму останува бесплатен за користење, освен ако не сакаш сино стикерче до твоето име. Да не биде дека плаќаш само за амблем, Маск најавува и пакет услуги за претплатниците.

Кога прв пат објави дека има намера на Твитер да се плаќа за секоја верификувана сметка, цената беше 20 долари. Неколку дена подоцна, во одговор на мрчење од писателот Стивен Кинг, Маск праша дали ќе ти одговара 8 долари?

 

Од тогаш неколку луѓе се накачија на јуришот против Маск околу намерата да им наплаќа месечно на сите верификувани сметки. Меѓу нив и конгресменката Александриа Окасио-Кортез, која го исмева Маск за претплатата.

 


Како за Окасио-Кортез, така и за сите, Маск повторува дека претплатата останува.


Планот на новиот сопственик на Твитер е да  дозволи масовно користење и добивање на верификуван статус за сите вистински корисници, кои освен стикерчето, ќе имаат и други бенефиции.

 

Исто така:

 

3 ноември 2022 - 09:02