Крајниот рок за купување на Твитер е петок, откако на почетокот од месецот, неколку недели пред датумот за судските рочишта, се согласи дека сепак ќе ја купи компанијата.
Лавабото („sink“), му требаше за да го напише твитот „Entering Twitter HQ - let that sink in!“. Ова пак е референца на бизнис терминот „kitchen sinking“ кој значи преземање радикални мерки во една компанија. Што точно ќе бидат овие радикални мерки не е познато, меѓутоа пред неколку дена Вашингтон пост објави дека Маск планира да отпушти 75% од 7.500 вработени на Твитер.
Освен видеото и твитот, Маск ја смени и својата биографија на Твитер, каде сега стои „chief twit“.
Кога прв пат најави дека сака да го купува Твитер, Маск порача дека има намера да ги исчисти ботовите и да ја разбие левата наклонетост на платформата и нејзините вработени.
По првичното нечкање од бордот на Твитер, Маск понуди цена која им беше неодолива, па двете страни ја почнаа процедурата за купување. Сред процедура, Маск излезе со тврдење дека Твитер има несразмерно повеќе бот сметки од тоа што првично го пријавил, заради што и побара растурање на договорот.
Директорите на Твитер ги отфрлија тврдењата по основа дека Маск се пишманил за купувањето и цената што ја понудил па сака да излезе од зделката. Тие веднаш пуштија тужба против Маск по која основачот на Тесла пак се врати на првичниот план за купување на Твитер.
Целиот договор мора да се заврши до 28 октомври.