Запрашан да се дообјасни на кого мисли во Силициумската долина, Каспаров одговара „има многу, ама да почнеме со Илон Маск, но за жал списокот е многу подолг.“
Под видеото од изјавата на Каспаров на Твитер реагираше Илон:
„Иако е точно дека Каспаров е речиси добар во шах колку и мојот Ајфон, тој инаку е идиот.
Јас не ни имам куќа, а камоли па ’вила’, абдал.“
Во интервјуто за Си-ен-би-си Каспаров признава дека постои потенцијална опасност од нуклеарна војна „не ќе биде уште полошо ако попуштиш под притисокот, ако Путин ја нападне Полска или Литванија, што ќе правиме тогаш, пак ќе се повлечеме или ќе се активира членот 5 што значи дека американски војници ќе бидат на фронтот?“
Линијата на конфликт меѓу двајцата, е што Каспаров е на позиција дека единствен излез од кризата е целосно ослободување на Украина, и дека сè останато е победа за Путин, кој нема тука да застане. Во исто време, Маск неодамна објави негов предлог план за примирје, според кој Крим останува во Русија, Донбас е под надзор на О.Н, а Украина останува неутрална.