Таг: илон маск

Зошто Илон Маск отвори сопствено училиште за своите деца?

Илон за сега има 6 деца, еден пар близнаци (2004), една тројка (2006), и едно „само“ што му се роди пред нешто повеќе од една година. Освен последното, другите иако почнуваат во регуларни приватни училишта, по некое време се отпишани и префрлени во приватното училиште основано од Маск, по име „Ад Астра“.

И така ти викам, бевме на фудбал, кога ракета од Space X отиде во орбитата

Во средата за време на мечот Орландо Сити - Монтреал од американската МЛС лига кој заврши 2:4, гледачите не виделе само шест гола и два црвени картони, туку и интересен настан надвор од стадионот.

Илон Маск има старател за пишување твитови

Човекот што ги има веројатно најразорните твитови за берзата и за криптовалутите веќе неколку години има обврска некој да му прегледува дел од твитовите пред да ги објави и да направи општ хаос.

Од неодамна е за 11 милијарди долари пофино да се биде Илон Маск

Заради тромесечје со „сите петки“ по предметот исполнети очекувања, првиот човек на Тесла се квалификуваше за збогатување во износ од 11 милијарди долари.

Од сега Тесла може да се купува со биткоин

Прво Илон Маск објави на Твитер, а потоа и на сајтот на Тесла беше додадена опција посакуваното возило да се плати со биткоин. За сега опцијата важи за САД, а до крај на годината би важело глобално.

Илон не се богател за себе, туку за сите нас

По критиките од Берни Сандерс дека Безос и Илон претерале со правење пари и натрупале неверојатни богатства, првиот човек на Тесла (и други) одговори дека не му е до парите туку сака животот на човештвото да го направи мулти-планетарен.

Илон Маск го вика Путин на муабет

Маск има нова омилена (и за сега ексклузивна) социјална мрежа, оваа посветена на аудио разговори, во која би сакал да го види и да разговара со рускиот претседател.

Илон Маск загрижувачки искрено за Тесла

Не купувајте Тесла возила сред зголемување на производството е советот што Илон им го дава на своите пријатели, а од пред некој ден и на јавноста.

Епл не сакал ни да се види со Маск за купување на Тесла

Илон Маск му вртел на првиот човек на Епл, Тим Кук, и му ја понудил за продавање својата компанијата за електрични возила. Освен телефонскиот повик, Кук не сакал ништо повеќе да има со Маск на темата.

Илон Маск издаде сингл со електро-денс музика

Песната се вика Don't Doubt ur Vibe, излезе на Саундклауд, и според дел од критиките, звучи како просечна денс нумера која успева да се сомнева во сопствениот вајб. Ама во сето ова има и една добра околност.

Американските власти го тужат Илон Маск за измама

Комисијата за хартии од вредност и берзи поднесе обвинение против Маск за измама и побара негово отстранување од раководната позиција на Тесла, и сето ова заради твит.

Пишман Маск

Прво твит (кој според многу сомнителни извори е напишан во многу несвесна состојба), па писмо за објаснување на твитот, па муабети за пари од Саудијци, за на крај целата работа со повлекување на Тесла од берзата да заврши со соопштение од Илон Маск во петок навечер дека компанијата останува на берза.

Илон Маск стана руско меме

Руски он-лајн тролови развија локално меме во центарот на кое ни крив ни должен се најде Илон Маск, на кого му ги претставуваат некои од врвните достигнувања на русштината, и како тој се чувствува околу уникатниот изум.

Маск освои опклада од 50 милиони долари

Пред некое време се кладеше на Твитер дека ќе им го реши проблемот со струјата на луѓето од Јужна Австралија за 100 дена. И дека ако не успее, ќе даде гратис услуги од 50 милиони. Успеа.

Брансон: Маск со Марс го претера

Не е тајна дека Илон Маск го сака Марс. Толку е опседнат со заминувањето таму што некогаш се чини дека дигнал раце од оваа планетава. Неговиот кломерцијален ривал, Ричард Брансон, мисли дека Маск треба малку да се спушти на земја.

Можно е Тесла да прави нова електрична мрежа за цело Порторико

Речиси цело Порторико со недели е без струја по беснеењето на последниот ураган. Кога веќе електричната мрежа е уништена, зошто таа да не се прави по ново?

Маск бара забрана на роботите убијци

Технологијата сама по себе е неутрална но некогаш треба да се повлече линија. Со робот, на пример, тешко е људски да се разбереш, особено ако има пушка во рака и е програмиран да ги потепа сите кои сакаат да се разберат со него.

Привлекување странски инвестиции, поинаку

Литванија гори од желба следната фабрика на Тесла да биде изградена на нивна земја. За да му го привлечат вниманието на Маск, создале виртуелна Тесла фабрика во играта Мајнкрафт. Да види човекот како убаво ја личи.

Одиме на Марс

Визионерот со многу пари го обелодени својот план за префрлување луѓе на планетата која има најмногу услови за започнување нов живот. Марс е можен, порача Маск.

Илон Маск почна во детали да збори за одењето на Марс

Уште откако Илон Маск пред 14 години основа стартап-вселенска компанија, целта секогаш е иста: воспоставување колонија на Марс. Сега тој конечно почнува да открива како планира да отиде таму.