Илон Маск за малку да ја демолира Кинеската вселенска станица

И онака напнатите односи меѓу Кина и САД дополнително станаа проблематични откако сателити на Илон Маск за малку не ја закачија Кинеската вселенска станица.

Кинеското министерство за надворешни работи „ги поттикнува САД да почнат повнимателно да се однесуваат“ во вселената и дека двата инциденти со Старлинк сателитите на Маск преставуваат сериозна закана за животот и безбедноста на кинеските космонаути.

Во допис до Комитетот на О.Н. за мирољубиво искористување на вселената, Кина наведе дека нивната вселенска станица Тиангонг, морала во два наврати да презема „превентивно избегнување на судир“ за да за да не се судри со сателит од Старлинк.

Процената е дека како бил судир „комплетно би ја демолирал“ кинеската вселенска станица.

Старлинк е дел од СпејсИкс на Маск, и до сега има лансирано над 1.600 сателити. Тие имаат дозвола од американските власти да лансираат вкупно 12.000 сателити кои би требало да обезбедат интернет пристап на најголемиот дел од планетава.

31 декември 2021 - 13:13