Бидејќи два твита на Маск го прекршиле договорот што го има со американските регулатори, твитовите на Илон Маск мора да бидат одобрени од неговите адвокати, што исто така е прекршено.
Во 2018 Маск твита дека планира да ја приватизира Тесла, што направи хаос на берзата. По кратко време Комисијата за обврзници и берзи (СЕК) го обвини за измама. Маск потоа успеа да постигне договор со СЕК и така да се спогоди околу обвиненијата.
Како дел од спогодбата, СЕК му испорачува на Маск теми за кои може да пишува, и бара адвокатите на Тесла претходно да ги одобрат твитовите. Плус, компанијата плати казна од 20 милиони долари.
Друг твит на Маск од летото 2019 околу обемот на производство на соларни кровови на Тесла и цената на акциите, не ја исполнува обврската за проверка на твитовите, заради што СЕК ја обвинува Тесла дека не ги исполнува обврските од спогодбата.
Одговорот на Тесла е дека Маск не го дал твитот на проверка кај нив, но и дека подоцна тие утврдиле дека немало потреба за одобрување на твитот бидејќи тој бил „целосно аспиративен“.
На 1 мај 2020, Маск твита дека според негово мислење цената на акциите на Тесла е премногу висока. Вредноста на Тесла инстантно паѓа, а од СЕК повторно пуштаат допис до компанијата. Тогаш ставот на „старателите“ на Маск е дека немало потреба од одобрување бидејќи тоа било „лично мислење“ што според нив не е опфатено со спогодбата.
Последно нешто од СЕК, од јуни 2020, е писмо кое завршува со „Ја поттикнуваме компанијата повторно да ги разгледа своите позиции на темата со тоа што ќе работи на имплементирање и спроведување на контролите и процедурите за надзор... и со тоа ќе спречи идна штета за акционерите.“