Бизнисменот и футурист Илон Маск, чија нето вредност се проценува на 34,4 милијарди долари, почна паралелна кариера како електронски денс артист. Првиот негов сингл носи наслов наслов „Не се сомневај во својот вајб“, а веднаш по објавувањето, за само четири часа, собра 270.000 пуштања. Четирите минути колку што трае песната, кои сами ќе ги преслушате, се испрекинати со гласот на Маск кој го повторува насловот, како мантра, сè до моментот кога човек почнува да се сомнева во својот вајб.
Најмногу нè освежи освртот на критичар на Гардијан, според кого нумерата не звучи како нешто на што човек би можел да игра (ако уште некому му е до тоа, општо), туку како вид атмосферична, ненавредлива музика (што би рекол Том Вејтс - not too interruptive, something like shopping music), нешто што би можело да биде пуштено на промоција на нова кола.
Но сега доаѓа интересното. Ако се остави Саундклауд да врти и по крајот на песната, апликацијата (кој ја има може да провери), поради причини кои не се јасни, веднаш скока од Маск на рапер наречен almdndjoy, oдносно на неговата песна „Еректилна дисфункција“ чиј прв стих гласи: „Жал ми е што к*от не ми работи“. Цела година незабележана од никого на Саундклад, сега песнава доживува огромна популарност по дебито на Маск, придружено со коментари од типот „Елон ме донесе тука“.
„Можеби токму тоа е музичкото наследство на Маск - тој им овозможи Еректилна дисфункција на масите“, заклучува со „хехе“ коментаторот на Гардијан.