Колку што е Европа упорна во наоѓање на нови снабдувачи со енергија што треба да ја решат зависноста од Русија, толку Маск е уверен дека решението не е нови извори на гас и нафта, туку активирање на исклучените европски нуклеарни централи.
Згора на целата тежина што доаѓа со името на Маск, треба да се повтори дека неговите ставови за нуклеарната енергија доаѓаат и покрај тоа што поседува една од најголемите светски компании за опрема за собирање соларна енергија Соларсити.