Укинувањето на казната на Трамп се бара по основа на враќање на слободата на говор на Твитер и соборување на американскиот режим.
„Дали новиот сопственик на мнозинството акции ќе ја врати слободата на говор на Твитер?
За ова ќе треба храброст бидејќи режимот сериозно инвестира во одредена индустрија и заканите неизбежно ќе почнат да доаѓаат. Сепак враќањето на слободата на говор ќе ни овозможи на сите нас да ги поразиме,“ порачува републиканската конгресменка Марџори Тејлор Грин, алудирајќи на субвенциите што Тесла ги добива од американскиот буџет.
Слично барање има и републиканската конгресменка од Колорадо, Лорен Боерберт, која го повика Маск „да ја укине политичката цензура“ и да го врати Трамп.
На тема Трамп и укинување на политичката цензура, на Маск му се обратија и дузина други републиканци и конгресмени.
Доналд Трамп беше протеран од Твитер по упадот на Капитол хил на 6 јануари 2021.
Вчера беше објавено дека Маск купил 9,2% од акциите во компанијата, со што стана најголемиот акционер во Твитер. Според регулаторите, Маск поседува речиси 73,5 милиони акции од Твитер, кои вредат 2,89 милијарди долари.