Тесла набави 73 милиони акции од Твитер, што му носи околу 9,2% од акционерскиот влог и го прави најголемиот акционер во компанијата. За споредба, основачот на Твитер, Џек Дорси, поседува само 2,25% акции.
Инвестицијата на Маск првично му значеше посед на 2,9 милијарди од вредноста на Твитер но ситуацијата дополнително се подобри со скокот на акциите на Твитер после објавувањето на веста.
Никој со сигурност не знае што му е идејата. Неговите акции се од рангот „пасивни“ што значи дека најверојатно не планира преземање на компанијата или влијание врз управувањето но не е исклучено дека тој во иднина не планира поамбициозен пристап кон платформата која ја има пикирано.
Во последно време Маск флертуваше и со идејата за креирање конкурентска платформа на Твитер а неодамна постави и референдумско прашање за Твитер и слободата на говорот кое заврши неславно за посакуваното реноме на платформата.