Сето ова се одвива во „најмрачните денови ма Модел 3 програмата“, а Маск сакал да се види со Кук за да разговараат за можноста Епл да ја купи компанијата Тесла за “една-десетина од денешната вредност... тој одби да се сретнеме“.
Понудата и не ги изненадува многу од луѓето што ги следат Тесла и Маск, бидејќи веќе беше објавено дека во 2013 тој си дал рака со ко-основачот на Гугл, Лари Пејџ, за тие да ја купат Тесла. Според биографијата на Маск од 2015, овој договор бил откажан откако големата продажба на Тесла возила дала позитивни резултати за компанијата.
Коментарот на Маск следува по веста дека Епл работи на производство на сопствен електричен автомобил со напредна технологија на батеријата.
Освен што ја објави корпата, Маск го интересира природата на технологијата што ја користи Епл и она што медиумите го пренесуваат како „моно-келија“ батерија со литиум железен фосфат хемија.
Маск појаснува дека Тесла во фабриката во Шангај веќе користи железен фосфат за возилата од средна класа. Меѓутоа спорен му е делот со „моно-келија“ бидејќи „тоа е електро-хемиски невозможно, затоа што максималната волтажа е повеќе од 100 пати пониска (од потребното)“.
Епл уште од 2014 спорадично објавува дека работи на електрично возило.