Конкретно се работи за минатомесечните твитови на Маск во кои тој пишува за тргање на Тесла од берзата. Неколкуте твитови потоа се распленија во најразлични правци, од шпекулации дека парите за приватизацијата доаѓаат од Саудијците, до раст на вредноста на акциите на Тесла.
Истите твитови беа основа и за заинтересираност на американското министерство за правда за започнување истрага за Маск.
Во тужбата Комисијата наведува дека Маск пресметал цена од 420 долари по акција по основа на 20% над вредноста со која акциите на Тесла го завршиле денот и затоа што бројката се поврзува со марихуана. Таму е наведен и дел од мејловите и пораките меѓу Маск и директорите на Тесла, во кои Маск е цитиран дека мисли дека сето ова ќе и биде смешно на девојка му.
Откако го објавува твитот, финансовиот на Тесла го прашува Маск дали би сакал да му изработат драфт на блог пост или меил до вработените за да го објасни твитот, на што Маск одговара со „да, тоа би било одлично.“
Според Комисијата, Маск „знаел или бил невнимателен во своето незнаење“ дека неговите твитови за приватизирање на Тесла по цена од 420 долари по акција биле лажни и наведувачки, „имајќи предвид дека тој никогаш не разговарал за таква трансакција со потенцијален инвеститор“.
Тие наведуваат дека Маск имал состанок со тројца претставници на саудискиот инвестициски фонд, кој траел помалку од еден час, и на кој главниот претставник рекол дека е заинтересиран за приватизирање на Тесла доколку условите се разумни. И самиот Маск признава дека на состанокот не се разговарало „ни за најосновните услови“ на договорот и дека ништо не било на писмено.
Освен што создал „значителна конфузија и нарушување на пазарот на акции на Тесла што резултирало со штета за инвеститорите,“ Комисијата на Маск му забележува и за тоа што не се консултирал со бордот на Тесла, останатите вработени и надворешни советници околу твитовите пред истите да ги објави.