„Ни требаше доста време за да го испегламе производството. Пријателите ме прашуваат 'кога треба да купам Тесла?' А мојот одговор е 'или купи баш на почетокот, или кога производството ќе достигне стабилна фаза'. Меѓутоа за време на зголемување на производството станува супер тешко да бидеш во константен раст и да го погодиш секој најмал детал,“ објаснува Маск во разговор со аналитичарот Сенди Мунро.
Мунро го интересира и зошто неговиот комплетно нов Модел 3 од фабрика излегол со грешка во фарбањето, а потоа сосема друго возило произведено еден месец било „спектакуларно“. Одговорот на Маск е дека Тесла го подобриле квалитетот на фарбањето „кон крајот на минатата година, па дури и во текот на декември“.
Проблемот со брзањето и зголемувањето на производството се должи на амбициозниот план на Маск за 2020 да продаде 500.000 возила. Ова предизвика и други проблеми освен фарбањето.
„Една од работите што се случуваат кога го зголемивме производството е што бојата не се сушеше доволно брзо. Па, ако забрзаш производство ова се работите што ги откриваш. Ако ги знаевме проблемите однапред ќе ги средевме однапред,“ објаснил Маск.
Инаку Мунро е познат по деталните анализи на најразлични возила, меѓутоа е посебно популарен за рецензијата на Модел 3 од 2018 во која возилото го спореди со КИА од 1990-те, пишувајќи „не можам да замислам како ова го пуштиле во продажба.“
„Мислам дека твоите критики беа прецизни,“ изјави Маск на разговорот.